Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денеска престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението од МНРиНТ, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е добредојдена и испраќа позитивен сигнал до целиот регион.

Муцунски најави дека премиерот Мицкоски, заедно со лидерите од регионот и претставниците на Европската Унија, ќе разговараат за низа конкретни иницијативи во рамки на процесот на постепена евроинтеграција. Притоа, тој ги посочи приклучувањето кон СЕПА, партнерството за безбедност и одбрана, иницијативата за укинување на роамингот и други слични проекти, преку кои граѓаните директно ги чувствуваат придобивките од европскиот процес.

Реклама

Во изјава за националниот сервис, министерот Муцунски истакна дека, според оценките на Европската Унија, Владата по завршувањето на локалните избори покажала сериозна посветеност во спроведувањето на клучните реформи од реформската агенда.

-Во моментов, веќе има повеќе закони во собраниска процедура, примарно насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти поврзани со реформската агенда, чие носење е поздравено од Европската Унија, истакна Муцунски.

Тој додаде дека позитивни оценки за Владата од страна на ЕУ се добиени и во областа на економијата и образованието, при што највисоката оценка е забележана во делот на надворешната политика, односно усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

-Нашето место е во Брисел, нашето место е како полноправна членка на Европската Унија. Жално е што во изминатите години се соочуваме со билатерални блокади, нагласи Муцунски, најавувајќи дека ова прашање ќе биде дел од дискусиите.

Тој потенцираше дека Владата ќе продолжи фокусирано да работи на техничкото усогласување и исполнувањето на потребните критериуми, но истовремено ја нагласи важноста, заедно со земјите-членки на ЕУ, да се изнајде начин за надминување на билатералните пречки кои очигледно постојат.

-Жалам што во последните недели не гледаме доволно добра волја за возврат, и покрај реформските процеси што ги спроведуваме и кои се препознаени и во Брисел и од страна на земјите-членки. Ние ќе продолжиме по нашиот пат – со фокус на домашните реформи, а во однос на билатералните прашања ќе бараме рационално решение кое нема да ги загрози националните интереси, изјави Муцунски.

Говорејќи за реформите, тој нагласи дека нивните ефекти најдиректно ги чувствуваат граѓаните, посочувајќи дека државата е меѓу првите во регионот во имплементацијата на дел од европските политики.

-Доколку постои добра волја и доверба, не постои прашање за кое не може да се најде решение. Во последно време чувствуваме недостиг од добра волја од страна на Софија. Земјите-членки го следат наративот што доаѓа оттаму и очекуваме нивна поддршка во процесот на изнаоѓање решение, заклучи Муцунски.