Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел: Евроинтеграциите остануваат во фокусот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел имаше средба со со претставниците на земјите членки во работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА).

– Евроинтеграциите остануваат во фокусот – исполнет ден со динамична агенда во Брисел. Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ – објави Муцунски не „Фејсбук“.

Посочува дека ги нагласил напредокот во реформската агенда, постојната координација и активниот пристап на сите институции во оваа насока.

Реклама

– Направив пресек на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес нагласувајќи ја неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес, како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки – наведува шефот на дипломатијата.

Министерот Муцунски во рамките на дводневната работна посета на Брисел ќе учествува на тркалезната маса A path for European enlargement, во организација на „Пријатели на Европа“.  

Предвидено е да има средби и со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. Заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.

Муцунски ќе има повеќе средби и со пратеници во Европскиот парламент.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес.