Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Муцунски на средба со Француската бизнис-конфедерација: Секоја нова странска инвестиција е придонес кон економскиот раст и создавање услови за одржлив развој

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис-конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст. Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис-конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст.

Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на економскиот развој и инвестициите, при што ја нагласил подготвеноста на институциите да бидат силен и сигурен партнер на сите компании што сакаат да инвестираат и да придонесат кон економскиот развој на државата.

– Посочив дека секоја нова странска инвестиција претставува значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови можности и создавањето услови за одржлив развој. Претставниците на Француската бизнис-конфедерација го потврдија интересот на француските компании за натамошна соработка и нови инвестиции, а со тоа и за дополнително зајакнување на економските односи меѓу двете земји – нагласува Муцунски.