Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Муцунски копретседава со Регионалниот форум за одржлив развој на UNECE во Женева

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски како копретседавач со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски како копретседавач со Регионалниот форум за одржлив развој на UNECE во Женева денеска ја отвори пленарната сесија и ја потенцира потребата од забрзување на имплементацијата на агендата 2030 во услови на сè покомплексни глобални предизвици.

Муцуснки на „Фејсбук“ објави дека нагласил оти дека со помалку од пет години до 2030 година клучно е да се дејствува побргу, попаметно и заедно, со конкретни и координирани активности, што ќе дадат резултати.

– Посочив дека фрагментацијата го ограничува напредокот и дека постигнувањето на целите за одржлив развој бара силна координација меѓу институциите, секторите и државите, како и интегриран пристап што ги поврзува дипломатијата, развојот и економската политика. Ја потврдив нашата посветеност кон агендата 2030 преку политики насочени кон зелена трансформација, дигитален развој, зајакнување на институциите и унапредување на регионалната и мултилатералната соработка – напиша Муцунски.

Реклама

Форумот во Женева обедини високи претставници од државите членки, Обединетите нации, меѓународните организации, граѓанскиот и приватниот сектор.