Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Муцунски и Трипуновски во Брисел на средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК Вернер

Соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој биле дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој биле дел од темите за кои разговарале денеска во Брисел министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.

За средбата и темите за кои се разговарало за време на вториот ден од посетата на Брисел информираше министерот Муцунски на Фејсбук.

-Втор ден во Брисел – работни средби со фокус на земјоделството и руралниот развој. Денеска, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, остварив средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер – објави Муцунски.

Реклама

Шефот на дипломатијата истакна дека во текот на разговорите се осврнале на соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и на зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата.

Муцунски вчера оствари средба со  со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која биле разговарано за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст.  

The EU accession process, the country's reform agenda and implementation of the Growth Plan were in the focus of a meeting between Minister of Foreign Affairs and Foreign Trade Timcho Mucunsk

Министерот за надворешни работи поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, нагласил дека Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во интегративниот процес и целосно мобилизирана во исполнувањето на ЕУ реформите и преземените обврски во рамки на Реформската агенда.

Шефот на дипломатијата вчера одржа брифинг со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), на кој ја реафирмирал посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ. Тој вчера се сретна и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.