Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Муцунски – Хоџа: Подготвеност за унапредување на билатералните односи, Коридорот 8 заеднички приоритет од значење за двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово остварил телефонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово остварил телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа, во кој двајцата министри го потврдиле заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорот станало збор и за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија.

Воедно била истакната и важноста на проектот за Коридорот 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји, како и за унапредување на регионалната поврзаност и развој.

Реклама

– Министерот Муцунски ја истакна важноста на македонското национално малцинство во Албанија, кое претставува значаен мост на пријателство и дополнително придонесува за продлабочување на односите меѓу двете држави. Воедно, министрите разговараа и за Охридското Езеро, обврските што произлегуваат од УНЕСКО, како и за заедничката одговорност за неговата заштита и одржливо управување со регионот – се наведува во соопштението.

Двајцата министри размениле мислења и за актуелните прашања од регионалната соработка, при што ја нагласиле важноста од негувањето на добрососедските односи и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.