Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Муцунски ја посети македонската црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб

Македонската делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Загреб ја посети црквата „Света Злата Мегленска“, првата и единствена македонска православна црква во Хрватска.

За време на посетата, Муцунски остварил средба со отец протојереј Кирко Велински, при што разговарале за улогата на црквата во зачувување на традицијата, јазикот, обичаите и историската меморија на македонската дијаспора.

-Разговаравме за нејзината улога и активности во обединувањето на дијаспората, како и во зачувувањето на традицијата, јазикот, обичаите и историската меморија на иселениците. Таа има значајна улога и во поврзувањето на нашата заедница со матичната држава, напиша во објава на Фејсбук  министерот Муцунски.

Реклама

На средбата била нагласена и улогата на бројната и активна македонска дијаспора во Хрватска, како важен мост во градењето на односите меѓу двете држави и унапредувањето на врските со татковината.