Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Муцунски на „Европски дијалози“: Проширувањето на Европската Унија е стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера се обрати на отворањето на новото издание од циклусот „Европски дијалози“, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт, како дел од програмата „Споделени хоризонти“, посветена на зајакнување на дијалогот меѓу младите од Западен Балкан во контекст на проширувањето на Европската Унија.

Во своето обраќање, Муцунски истакна дека во време на крупни геополитички промени, економски предизвици и забрзана технолошка трансформација, Европа има потреба од нови одговори, нови идеи и посилни партнерства, нагласувајќи ја важната улога на младите во обликувањето на иднината на континентот.

„Вашите идеи, вашата енергија и вашата храброст да ги преиспитувате старите претпоставки се неопходни за Европа да стане пообединета, поотпорна и поспособна да ги брани своите интереси и вредности во свет што брзо се менува“, порача Муцунски.

Реклама

Осврнувајќи се на процесот на проширување, министерот нагласи дека интеграцијата на Западен Балкан е дел од пошироката визија за посилна и побезбедна Европа.

„Денес проширувањето повеќе не е само инвестиција во стабилноста на нашиот регион. Тоа е стратешка инвестиција на Европа во сопствената безбедност, сила и иднина“, истакна Муцунски.

Тој повтори дека членството во Европската Унија останува стратешка определба на државата, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да има јасна трансформативна улога.

„Пристапниот процес треба да го трансформира нашето општество, да ги зајакне нашите институции и да создаде повеќе можности за нашите граѓани. Тој не треба да го трансформира нашиот национален идентитет. Верувам во Европа во која европскиот и националниот идентитет меѓусебно се надополнуваат и зајакнуваат“, нагласи министерот.

Во тој контекст, Муцунски посочи дека европската перспектива мора да остане кредибилна, предвидлива и заснована врз заслуги, при што напредокот треба да зависи од реформите, резултатите и исполнувањето на европските критериуми.

„Само така можеме да ја зачуваме довербата во процесот на проширување и во трансформативната моќ на Европската Унија“, истакна тој.

Говорејќи за заедничкото европско наследство и историските прашања, Муцунски нагласи дека Европа напредувала тогаш кога успевала да ги надмине поделбите од минатото и да ја стави заедничката иднина пред историските несогласувања.

„Вистинското прашање е дали ќе дозволиме различните толкувања на минатото да ја ограничуваат нашата заедничка иднина. И уште поважно, дали ќе дозволиме товарот на нерешените прашања од минатото да го носат генерациите кои немаат никаква одговорност за нив“, порача Муцунски.

На крајот од обраќањето, министерот ја потенцираше улогата на младите во создавањето Европа заснована врз мир, солидарност и меѓусебно почитување.

„Младите заслужуваат Европа во која границите значат помалку, можностите значат повеќе, а идентитетот и различностите се почитуваат. Европа која не се плаши од својата различност, туку ја претвора во сила“, истакна Муцунски.