Реклама

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Македонија

„МСУ Водич“ со кустосот Бојана Јанева

Музејот на современата уметност (МСУ) денеска напладне, во 12 часот, организира „МСУ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Музејот на современата уметност (МСУ) денеска напладне, во 12 часот, организира „МСУ Водич“ со кустосот Бојана Јанева која, како што е најавено, последен пат ќе ги прошета посетителите на интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“.

Изложбата вклучува содржина наменета за публика над 18 години, а уметници се: Марина Абрамовиќ, Маја Бајевиќ, Гета Братеску, Јозеф Бојс, Ала Георгиева, Томислав Готовац, Јон Григореску, Група конструктивисти од Трст (Аугуст Чернигој, Едуард Степанчич, Џорџо Кармелич), Власта Делимар, Брацо Димитријевиќ, Оршоја Дроздик, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Кожариќ, Катаржина Козира, Александар Косолапов, Андреја Кулунчиќ, Владимир Купијанов, Лајбах, Казимир Малевич, Горанка Матиќ, Алекс Млинарчик, Петре Николоски, Ахмет Огут, ОПА, ОХО, Ирена Паскали, Геза Пернецки, Душан Перчинков, Марко Погачник, Дмитриј Пригов, Нихо Пушија, Јозеф Робаковски, Дритон Селмани, Недко Солаков, Младен Стилиновиќ, Раша Тодосијевиќ, Ендре Тот, Игор Тошевски, Горан Трбуљак, Симон Узуновски, Стано Филко, Венко Цветков, Виолета Чаповска, Что Делат и Небојша Шериќ-Шоба.

-Уметничките практики што не потекнуваат од центарот на западниот уметнички систем, туку од неговите маргини – географски, политички и симболични, можат да понудат епистемолошка и естетска рамка преку која ќе се преиспита итноста на нашиот сегашен момент. Кога на овие маргини не се гледа како простори на инфериорност, тие можат да понудат јасна источноевропска перспектива обликувана од искуството на социјализмот, колективните утопии, транзицијата, конфликтот и војната, како и колапсот на идеолошките системи во 1990-тите. Преовладувачките уметнички теми на телото, иронијата, идеологијата, доказите и утопијата, реагираат на овие историски искуства, додека истовремено се занимаваат и со комплексноста на сегашноста, наведува МСУ.

Реклама

„Истокот е сè уште можен“ е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана што почна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, која се отвори во февруари 2025 година во Музејот на современа уметност „Метелкова“. Куратори на изложбата се: Бојана Пишкур, Мартина Воук (МГ+ММСУ, Љубљана); Ивана Васева, Благоја Варшанец, Ива Димовски и Владимир Јанчевски (МСУ-Скопје).

За време на денешната матине посета, посетителите ќе може да ја погледнат и тековната изложба „Земјата која се промислува постојано…“ На оваа изложба, седум филозофи од различни делови на светот влегуваат во дијалог со седум уметници со кои почувствувале интензивна резонанца околу прашањата за земјата. Куратор е Рик Долфијн.