Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мртва атмосфера, апатија – наместо обединување, СДСМ се расцепкува на сите страни

Мртва атмосфера, апатија, незадоволство. СДСМ како да се на колективен летен одмор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мртва атмосфера, апатија, незадоволство. СДСМ како да се на колективен летен одмор. Партијата е во очајна состојба, па освен што имаат нов претседател, во партиските структури не се случува ништо. Венко Филипче седна на тронот на Бихaќка ама подобрување на состојбите нема, напротив, дел од незадоволното членство смета дека партијата уште повеќе назадува. Високи извори во СДСМ за Алфа брифираат дека најголемиот проблем во моментов е што во партијата нема никави активности, а единствен човек кој сега има легитимитет е Филипче. Изворот брифира дека нема нови именувања во органите и телата, на ниту едно ниво. Работата се кочи и поради фактот што општинските организации се оставени без раководител, односно претседателите се во оставка, а нема најава дека во скоро ќе бидат поставени нови. Поради ова, дел од членството и симпатизерите се разочарани, бидејќи нема кој да ги мобилизира за да почнат работите да се придвижуваат кон подобро. Она што може да се заклучи од овие состојби е дека членството бара брза мобилизација и екипирање. 

Малку пооптимистично е во пратеничката група во Собранието. Друг извор од СДСМ брифира дека тие имале редовни координации внатре во групата и не било забележано незадоволство, иако пратениците заминуваат на одмор за две недели.

Реакцијата на Јован Деспотовски, кој учествуваше во трката за претседател на СДСМ е уште еден показател дека се продлабочува расколот во партијата. Венко Филипче доби еден куп критики од поранешниот директор на ТИРЗ. Шефот на Бихаќка не успевал да го обедини партиското членство и да ја врати довербата на гласачите. Според Деспотовски, Филипче покажува недостаток на визија и неспособност за справување со предизвиците што ја очекуваат партијата.

Реклама

Подолго време познавачите алармираат дека СДСМ може да ја уништат внатрешните создадени групи кои ја делат партијата но имаат едно нешто заедничко – фокус кон лични борби за моќ и превласт, наместо спас на партијата која треба да биде конструктивна опозиција.

Ваквите поделби можат да доведат до сериозни последици за СДСМ, особено во поглед на локалните избори кои ќе се случат идната година и довербата на гласачите.