Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

МРТ: Нападите кон нас се неосновани – за ова ќе ги известиме и амбасадите и мисијата на ОБСЕ

Уредувачкиот колегиум на Македонската радиотелевизија испрати соопштение во кое ги отфрла сите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уредувачкиот колегиум на Македонската радиотелевизија испрати соопштение во кое ги отфрла сите, како што вели, неосновани напади за професионалноста и објективното известување.

Во соопштението кое го пренесуваме во целост се наведува:

„Јавниот сервис, своите обврски кон тие за кои и постои – граѓаните, ги реализира согласно сите законски регулативи и етички норми. Македонската телевизија, програмската содржина ја конципира според правилата кои претставуваат операционализација на обврските што ги има согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за медиуми и согласно Етичкиот кодекс. Секое намерно и неосновано поткопување на довербата на граѓаните во јавните институции по дефиниција е штетен наратив.

Во тој контекст, штетните наративи кон Јавниот сервис растат во изборниот период. Во еден специфичен момент на технолошка револуција во Македонската телевизија, промовирање на новата виртуелна и проширена реалност преку програмските содржини што се емитуваат, Јавниот сервис се соочува со неосновани напади за веродостојноста на тоа што се пласира.

Во рамки на емисијата Објектив, се презентира испитување на јавното мислење за прашања поврзани со актуелната политичко–економска состојба и рејтингот на политичките партии. Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кој не се споменува во нападите кон нас) чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а во емисијата учествуваат и реномирани гости од општествено – политичкиот живот во Македонија. Наша определба и цел е ваков тип на емисии да има пред секој изборен циклус во државата. Потврдувајќи ја определбата на модерните демократии за почитување на основното право на слобода на изразување, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, МРТ секогаш се води според основните професионални стандарди и етички начела.
Впрочем, во просторот меѓу цензура и анархија, степенот на демократијата на едно општество се мери според слободата на изразување. Поради тоа Јавниот сервис ги отфрла сите неосновани напади за професионалноста и објективното известување. Како досега, така и натаму ќе известува точно, проверено и објективно за да ја одржи стекнатата доверба кај граѓаните. Јавниот сервис е отчетен кон публиката и постапува транспарентно кон неа. Отчетноста значи дека сите медиумски работници вклучени во програмата стојат зад нивната работа.

На крајот сакаме да потенцираме дека МТВ во никој случај нема да влезе во дневно-политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Уште еднаш апелираме политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис. Како и до сега ќе продолжиме да работиме професионално, балансирано и согласно сите етички и професионални стандарди на известување.

Впрочем на крајот на изборниот процес ќе ги видиме извештаите кои досега кажувале дека работиме балансирано и професионално. За сите овие партиски и политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на Јавниот сервис ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации, како и амбасадите и мисијата на ОБСЕ“.