Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Mрши од крави и кози десетина дена скапуваат во шталата на прилепчанец

Неподнослива реа и безброен рој од секакви инсекти се шират од шталата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неподнослива реа и безброен рој од секакви инсекти се шират од шталата на 74-годишниот прилепчанец Благоја Темелкоски, каде, според неговите кажувања, заради незаинтересираноста на надлежните институции, веќе 10-тина дена скапувале мршите на седумте негови крави и на уште толку кози, за кои се сомнева дека биле отруени од за него непознати сторители.

Тој се жали дека и покрај навремената уредна пријава како до надлежнaта Ветеринарна станица, така и до Полицијата и до ЈКП “Комунелец“, сепак, освен првичниот увид кој што го направиле, никој од нив не презел никакви мерки за отстранување на угинатата стока која веќе се распаѓа и која на овие температури и во време на пандемија, претставува опасен извор на зараза.

Телефонски ја контактиравме и надлежната Ветеринарна станица, од каде ни потврдија дека се запознати со случајот, но од таму се оправдаа дека иако лицето Благоја Темелкоски не било регистрирано како одгледувач на добиток, а и имало извесен, претходен долг кон Ветеринарната станица, сепак тие извршиле обдукција на угинатите животни, пришто утврдиле дека стоката е угината заради несоодветната исхрана и третман, по што на Темелкоски му било сугерирано сам да ја закопа.

Реклама

Слично оправдување добивме и од ЈКП „Комуналец“ од каде ни рекоа дека без потврда од Ветеринарната станица или од Санитарната инспекција дека не станувало збор за некакво заразно заболување кај стоката, тие немале право да отстрануваат угинати животни од приватен имот, туку дека тоа било обврска на одгледувачот.

Инаку, штетата која му е причинета со угинувањето на стоката, Темелкоски ја проценува на околу 4.500 евра.

 

Каролина Дурло