Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Монодрамата „Медеја МК“ премиерно во битолскиот Центар за култура

Националната установа Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар од Битола информираа дека завршија подготовките за премиерна изведба на театарскиот проект „Медеја МК“ создаден според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска, а во режија на Марјан Нечак. Проектот, кој ќе биде презентиран в недела, на 21 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар од Битола информираа дека завршија подготовките за премиерна изведба на театарскиот проект „Медеја МК“ создаден според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска, а во режија на Марјан Нечак.

Проектот, кој ќе биде презентиран в недела, на 21 јуни од 20 часот, претставува современо сценско читање на митот за Медеја, низ спој на театар, музика, поезија и аудио-визуелни елементи, истакна на прес – конференција во Битола, директорот на НУ Центар за култура, Сашо Илковски.

– Овој копродукциски проект ќе биде изведен на големата сцена на НУ Центар за култура, установа која продолжува со својата продукциска активност со посебен фокус на монодрамата. Во оваа прилика се заблагодарувам на Гете Институт кој помогна да ги обезбедиме авторските права за овој текст кој е дополнет со поезијата на Ана Бунтевска. Монодрамата „Медеја МК“ ќе отвори многу прашања и многу размислувања и ќе го најде своето заслужено место пред домашната и публиката во странство со учество на разни фестивали, посочи Илковски.

Реклама

Во монодрамата „Медеја МК“ настапува актерката Валентина Грамосли која во изјава за медиумите истакна дека по 35 години на сцената на битолскиот театар првпат влегува во „водите“ на монодрамата.

– Ова е голем предизвик и желба која се јави точно навреме и се остварува. Темата е безвременска, а јас како жена имам многу што да кажам во претставата. Се надевам дека публиката ќе ја разбере нашата заедничка мисла за што многу вложивме во процесот кој беше многу долг но сега созреа, нагласи актерката Грамосли.

Сценографијата за „Медија МК“ ја подготвија Марјан Нечак и Сергеј Светозарев, видеооператор е Владимир Пераловски, дизајн на светло Никола Ѓеорѓиевски и дизајн на плакат Сашо Илковски.