Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

МОН: Сегрегацијата не е прифатливa ниту во образованието ни во општеството, за ова имаме регулатива што дополнително ќе ја зајакнеме

Сегрегирање, дискриминација или која било друга форма на отфрлање на младите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сегрегирање, дискриминација или која било друга форма на отфрлање на младите од училишната заедница, е строго забрането и казниво. За ова веќе постојат одредби во Законот за основното образование, но планираме да ги зајакнеме во процесот на надградба на регулативата а и да ги отсликаме во законите за средно и за стручно образование и обука. Планираме и кампањски активности за подигнување на свеста за спречување и заштита од дискриминација и сегрегација, со опфат на возрасните од кои најчесто потекнуваат овие идеи. Ова го нагласи Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука, на општинската тркалезна маса „Инклузивно образование и поттикнување на социјална кохезија“, што се одржа во Битола.

Активностите за измена на регулативата, носењето нови наставни планови и програми, обуките на наставниците, вложувањата во инфраструктура, соработката со меѓународните институции и организации, инсистирањето на поголемо вклучување на родителите во работата на училиштата и јавните дебати, како што рече Ивановска, се насочени кон создавање систем на образование што на секој млад човек му дава можност да успее, без оглед на неговото потекло, вера, националност, пол.

Министерството за образование и наука гради интегрирано образование во кое ресурсите и поддршката се подеднакво достапни за секое дете и млад човек, со што ги рушиме бариерите што нè делат. Во овој контекст, Ивановска посочи на посебниот протокол за пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување, врз основа на кој во училиштата се формира тим од наставници, стручни соработници и родители, којшто презема конкретни мерки и активности за превенција и заштита, меѓу другото, и во случаите на социјално насилство.

Реклама

„Училиштето не смее да дозволи одвојување на еден ученик, или група, од другите врз основа на различност, ниту да го доведе во позиција на нерамноправност и нееднаквост, да го дискриминира или игнорира. Но сепак, и за жал, оваа појава постои како предизвик и сите ние мораме заеднички да се заложиме за да го надминеме“, рече Ивановска.

На тркалезната маса, во име на Министерството за образование и наука, Ивановска испрати јасна порака дека сегрегацијата не е прифатливa ниту во образованието ни во општеството, и не е важно дали ученикот е Македонец или Ром, Албанец или Турчин, туку за секој ученик мора да има место во нашите училишта, а секое поинакво постапување ќе биде санкционирано, без да се чека тоа да го кажат меѓународни судови. Само така можеме да изградиме силно општество во кое разликите се богатство и нè обединуваат во една држава што е просперитетна и во која сите сакаат да живеат и тука да се вратат.