Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МОН: Новата 2026-та да биде година на знаење, надеж и заедништво

Министерката Весна Јаневска и вработените во Министерството за образование и наука на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката Весна Јаневска и вработените во Министерството за образование и наука на учениците, студентите, наставниците, професорите, стручните соработници, родителите и на сите кои посветено работат за подобро и поквалитетно образование, им се заблагодаруваат за ангажманот во 2025 година и им посакуваат уште подобри резултати во Новата 2026, објави МОН. 

-Нашите ученици и студенти се радоста и гордоста на оваа земја. Тие го заслужуваат секој наш напор за да научат повеќе, да стекнат корисни вештини и животни способности што ќе им овозможат да бидат самостојни, креативни и одговорни граѓани. За сите нив, во годинава што изминува, ја зголемивме и зајакнавме поддршката, создавајќи услови за вклучување во образование на што повеќе деца, согласно нивните можности. Со поддршка од граѓанскиот сектор воведовме формално основно образование за децата кои се на подолгорочно лекување, а особена грижа беше посветена и на учениците со посебни образовни потреби, пишува во честитката на Јаневска и МОН по повод Новата година 

Посочува и дека се обезбедени нови учебници и нови наставни програми во повеќе одделенија и изработени повеќе стратешки документи „кои го трасираат натамошниот пат на развој на образовната и научната сфера“.

Реклама

-Направивме исчекор во дигитализацијата во образованието и услугите. За да ги користиме новите технологии како алатка за знаење, без опасности, промовиравме Водич за вештачка интелигенција, изработен со голема поддршка од академската фела. Ги подобривме инфраструктурните услови, вложувајќи подеднакво во сите региони на државата. Нови училишта, реконструирани објекти, нови спортски сали, а наскоро и реконструирани државни студентски домови. Науката стана приоритетна област во која се вложија најмногу средства досега, за поддршка на реализацијата на проекти од национален интерес, наведува МОН.

Додава дека наставниците и професорите добија повисоки плати и им се отворени нови можности за кариерен развој. 

-Продолжуваме и во 2026-та. Со желби за здравје, успех и благосостојба, посакуваме Новата 2026 година – да биде година на знаење, надеж и заедништво, стои во честитката од МОН и ресорната министерка Јаневска.