Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

МОН нема слух за проблемите и барањата на студентите

Студентите се гласни но никој не ги слуша. Министерството за образование и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентите се гласни но никој не ги слуша. Министерството за образование и наука останало глуво на барањата кои Студенското собрание на УКИМ ги испратило уште на 30 април со надеж дека надлежните ќе им помогнат и на студентите кои се погодени со кризата со корона вирусот. Првично побарале МОН да ги ислуша студентите, а побарале и вонредна социјална стипендија за две категории студенти кои се најпогодени.

Прво, кога  побаравме вонредни социјални стипендии беа опфатени само две категории, една категории на студенти кои доаѓаат од семејства со ниски или исклучително ниски примања, и втората категорија на студенти кои самите или некој член на нивното семејство, ќе приложи доказ дека ја загубиле работата. Сметавме дека со првиот бран треба да бидат опфатени овие две групи на студенти и нивните семејства-вели Борјан Ефтимов- студенско собрание УКИМ.

Ниту го прифатија, ниту го добија нашето барање велат од Студенското собрание. Со првиот пакет мерки опфативме само дел од студентите, а денеска   се јавува потреба од финансирање и на сите студенти особено оние кои не студираат во матичниот град.

Реклама

Мерките полека се олабавуваат па има индиции дека, студенското побара организирање на испитни сесии. Овие студенти ќе имаат дополнителни трошоци, односно ќе треба да патуваат од местото на живеење до местото каде што студираат, за сместување, трошоци за пат, трошоци за кои незнаеме дали сите студенти се способни да ги издржат и поради тоа сметаме дека е нужно сите надлежни да седнат на маса и да дискусираат за целосен пакет економски мерки- вели Борјан Ефтимов.

Ова не е единствениот проблем со кој се соочуваат студентите. Стипендиите кои им беа доделени на дел од студентите на почетокот на оваа година за постигнатиот успех во минатата учебна година, сеуште ги немаат добиено. Од МОН им јавиле дека до крајот на април, средствата  ќе им бидат исплатени. Но студентите го тврдат спротивното. Некои добиле половина од стипендијата, некои сосема мал дел а повеќето немаат добиено ниту денар. Студентите бараат од министерството да се ангажира и да ги извести ако веќе доцнат стипендиите кога ќе ги добијат.

Викторија Миткова