Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Молк за скандалите во Агенцијата за филм

Молк во Министерството за култура за скандалите во Агенцијата за филм кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Молк во Министерството за култура за скандалите во Агенцијата за филм кои само се таложат. Не одговораат на повиците на Алфа и на прашањата дали е направена детална ревизија на работењето во изминатите години и што се открила таа.

Според наши информации утврдени се низа прекршувања на законите при распределбата на милионски суми, државни пари, наменети за домашни филмски проекти.

Пред неколку месеци Министерството за култура даде негативно мислење за работењето на Агенцијата, но детали не беа соопштени.

Реклама

Алфа веќе упати и барање за пристап до информации од јавен карактер, но ни на ова, барем засега нема никаков одговор.

За сериозните проблеми во Агенцијата реагираше и друштвото на филмски работници. Тие преку отворено писмо бараат како од техничката влада, така и од новата која се уште не е формирана, итно да ги разгледаат состојбите во оваа институција.

  • „Македонскиот филм е доведен до колапс! И покрај нашите бројни предупредувања во 2023 година, македонскиот филм доби буџет за 2024 кој не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија и кој ја води во нејзино забрзано системско распаѓање“ – Стои во соопштението на Друштво на филмски работници на Македонија.

Македонскиот филм, кој со години наназад е амбасадор на македонската култура и уметност во светот, сега, со скратен буџет и негрижа од надлежните, прави голем чекор назад, алармираат филмаџиите.

  • „Она кое што е катастрофално и погубно за нас филмаџиите, а особено за филмските продуценти, во оваа “Барем се снима” слика, е фактот што дел од овие филмови средствата ги имаат добиено во 2023 година, а оние кои добиваат средства оваа година мора да се согласат на половични ислати кои не се во колерација со досегашните стандардни исплати и договорно утврден процент кој продуцентите го добиваат за снимање, од одобрените средства од Агенцијата за филм.“ – Додаваат од ДФРМ.

Инаку и Антикорупциската комисија веќе утврди низа проблеми во оваа институција – за потрошените пари за снимање на некои филмови воопшто и не биле доставени финансиски извештаи.

Никола Цветкоски