Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Модернизација на јавниот превоз: 150 нови еколошки автобуси, 100 за Скопје, 50 за другите градови

Нов лик на јавниот превоз во Скопје, но и во другите градови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов лик на јавниот превоз во Скопје, но и во другите градови во Македонија. Автобусите кои доста често знаеја да се расипат при возење, но и да се запалат, полеќа ќе стануваат минато. Со одлука на Владата ќе се набавуваат 150 нови еколошки автобуси, 100, ќе добие главниот град на државата, додека 50 ќе има за другите градови, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

-Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100, со 50 полначи, а останатите општини кои што имаат организиран градски превоз, мислам дека побараа 89, а ќе добијат 50, со 25 полначи, изјави Мицкоски.

Автобусите ќе бидат купени под многу поволни финансиски услови, како дел од стратешкиот договор Влада со Влада меѓу Македонија и Унгарија. Ќе се исплаќаат во текот на наредните 15 години.

Реклама

-Ние на владина седница донесовме одлука, во рамки на Влада со Влада договорот што го имаме со Унгарија, дел ќе биде кредит под оние исти услови кои што ги имавме во претходниот случај, односно три години грејс период, дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка, изјави Мицкоски.

Инаку, условите во јавниот превоз се еден од најголемите проблеми со кои долги години се справуваат и се жалат граѓаните на Скопје, но и на другите градови. Покрај самите услови во автобусите, проблем претставуваат и недоволниот број на возила, поради што доста често автобусите каснат на своите редоввни линии.

Матеја Петровски