Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мобилизација за поддршка по пожарот во „Макпрогрес“ – увидот треба да ги расчисти причините

Состојбата на осумината вработени  во фабриката за кондиторски производи Винчини, кои по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата на осумината вработени  во фабриката за кондиторски производи Винчини, кои по вдишување на јаглероден моноксид завршија на Клиниката за токсикологија, е стабилна и во текот на денот дел од нив ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираат од Министерството за здравство. По извршената опсервација од страна на лекарите, кај пациентите не се забележани компликации.  

Сите хоспитализирани пациенти клинички се стабилни. По извршените прегледи кај ниту еден од нив нема компликации. Се очекува во текот на денот, дел од хоспитализираните работници да бидат испишани и да заминат дома, информираат од Министерството за здравство.

И во текот на вчерашниот ден, тројца од повредени пожaрникари кои поради изгореници  беа хоспитализирани во кочанската Општа болница, се испишани и пуштени на домашно лекување.  Во болница ќе остане уште еден пожарникар, на кој треба да му се направи коронарографија во Штип. Доколку резултатите се добри и тој заминува дома.

Реклама

„Еден е од Штип, еден од Свети Николе и двајца се од Виница. Сите се со мал степен на изгореници. Носеле комплетна заштитна опрема. Еден од повредените е пожарникарот кој при гасење на пожарот се заглавил во смола, во растопен шеќер, но со брза акција на колегите е извлечен„ изјави д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, директорка на ОБ-Кочани

Во меѓувреме во фабриката Винчини  се уште трае увидот, кој поради жариштата кои што тлееја во погоните, започна два дена по пожарот. Денеска на терен е излезено и вешто лице електроинжинер, информираат од Основното јавно обвинителство.

Големиот пожар кој во саботата околу 18.30 изби во погоните и магацините на фабриката Винчини ја обедини државата. На социјалните мрежи се споделуваат масовни објави и повици за интензивно купување на нивните производи со што фабриката повторно ќе застане на нозе. Апел за солидарност упатуваат и од Стопанската комора. За 12 септември е закажан состанок на кој претседателот Азески со сопственици на ланци маркети ќе разговараат каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажба со цел да се засили продажба на производите на Макпрогрес-Виница.

  Во оваа компанија, која е основан пред 35 години, вработени се над 500 луѓе. „Макпрогес-Винчини е еден од водечкито кондиторско-пекарската индустрија во Македонија. 75% од своето производството го извезуваат во 45 држави во светот.