Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

МНРиНТ: Амбасадата во Вилнус ново поглавје во билатералните односи со Литванија

Во Вилнус денеска се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш. Заменик-министерот Димитровски информирал за одлуката на Владата за отворање Амбасада во Вилнус, за што врачи и вербална нота со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Вилнус денеска се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш.

Заменик-министерот Димитровски информирал за одлуката на Владата за отворање Амбасада во Вилнус, за што врачи и вербална нота со која формално се иницира постапката за воспоставување на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија.

– Беше оценето дека овој историски чекор е резултат на силната политичка волја и континуираната посветеност на двете земји за унапредување на меѓусебните односи и претставува ново поглавје во нивниот развој, создавајќи нови можности за интензивирање на политичките контакти, унапредување на економската соработка и меѓусебното поврзување на граѓаните од двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Реклама

Во рамки на состанокот, како што се нагласува, особено внимание било посветено на можностите за натамошно јакнење на меѓусебната економска соработка. Притоа, нагласена била потребата од поинтензивно поврзување на деловните заедници и стопанските комори на двете земји. Во истата насока, биле истакнати потенцијалите за продлабочување на соработката и во областите како дигитализацијата и информатичките технологии, одбраната, обновливите извори на енергија, земјоделството и други области од заемен интерес.

Покрај билатералната соработка, двете делегации размениле мислења и за процесот на европската интеграција на нашата земја. Заменик-министерот Димитровски изразил благодарност за досегашната јасна и принципиелна поддршка на Литванија за политиката на проширување на Европската Унија, особено во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, нагласувајќи ја важноста од нејзино натамошно зајакнување.

– Заменик-министерот Миткуш нагласи дека Литванија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во процесот на европска интеграција, вклучително и во напорите во исполнувањето на реформската агенда. Изрази особено задоволство од одлуката за отворање Амбасада на Македонија во Република Литванија, оценувајќи дека овој чекор ќе даде силен поттик кон натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји – се вели во соопштението.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални, европски и глобални предизвици, како и за соработката во рамките на меѓународните организации, потврдувајќи ја подготвеноста за натамошна координација и партнерство по сите прашања од заеднички интерес.