Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

ММФ ја поздравува посветеноста на Владата за фискална консолидација, но и предупредува од ризици за растот и инфлацијата

Меѓународниот монетарен фонд ја поздравува посветеноста на Владата за фискално консолидирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот монетарен фонд ја поздравува посветеноста на Владата за фискално консолидирање и намалување на буџетскиот дефицит, но истовремено и предупредува на ризиците од глобалниот раст на цената на нафтата која може да влијае на проекциите за раст на економијата и на инфлацијата. Во извештајот, ММФ истакнува дека земјата во 2025 забележа солиден економски раст од 3,5% главно поттикнат од инвестиции во градежништвото и силна приватна потрошувачка, која пак била поддржана од повисоки плати и кредитирање. Исто така и намалување на инфлацијата од високите 4,8% во јули 2025 година на 2,9% во февруари 2026 година.

Сепак иако 2025 година заврши со солиден раст, војната на Блискиот Исток и високите цени на енергенсите според монетарците ќе го забават темпото на раст на 3,1% годинава, додека инфлацијата се очекува повторно да се искачи до 4,5%.

Монетарците сметаат дека фискалната консолидација треба да продолжи во среднорочен период, со цел буџетскиот дефицит да се сведе на 2 проценти до 2030 година. Што се однесува до приходите, фондот укажува дека придобивки може да се остварат преку редуцирање на ослободувањата од ДДВ, јакнење на даночната администрација и борба против сивата економија.

Реклама

Мисијата на ММФ го оценува финансискиот систем како стабилен. Банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен, а нефункционалните кредити се ниски. Кредитниот раст се забрза во 2025 година, особено во сегментот на недвижности, поддржан од раст на цените на становите. ММФ упатува и на одредени ризици и посочува дека изложеноста кон недвижности бара внимателно следење.