Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Младите остареа чекајќи да влеземе во ЕУ – се зголемува евроскептицизмот

Младите остареа чекајќи да влеземе во ЕУ- години заглавени на патот, далеку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите остареа чекајќи да влеземе во ЕУ- години заглавени на патот, далеку од портите на Унијата резултираат со зголемување на евросккептицизмот кај новите генерации. Најновото истражување – „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан“– покажува дека речиси половина, 46,5%, не веруваат дека Македонија некогаш ќе стане дел од Унијата.Само 6,7% сметаат дека тоа би можело да се случи во следните пет години, додека една третина верува дека членството е можно, но во далечна иднина. Сепак, 41% од младите имаат позитивен став кон Европската Унија, 24% негативен, а 35% се неутрални.

Иако младите и натаму сметаат дека ако влеземе во ЕУ ќе има подобри можности за работа, подобро образование, поголема сигурност и помалку корупција – се сомневаат оти најголема кочница ќе останат билатерлните спорови.

Бројните билатерални идентитетски отстапки во минатото, недовербата во судството, во институциите, криминалот и корупцијата се причина зошто младите не веруваат дека ќе влеземе во ЕУ, иако повеќе од 60% иднината сакаат да ја гледаат во ЕУ, вели Александар Бојцовски Бојцовски од Универзитетско студентско собрание на УКИМ.

Реклама

Партиската младина од ВМРО ДПМНЕ смета дека фокусот треба да се пренесе од ветувања кон реални резултати.

Треба да се фокусираме многу повеќе на тоа да им понудиме на младите ополиви резултати од тој евроинтегративен процес бидејќи низ призма на младиот човек овој процес изгледа како невозможна мисија која никогаш не може на се заврши. Ова најмногу се должи на многу генерации политичари кои правеле наицонални отстапувања без никакви резултати дома. Треба да се фокусираме кон носење на Европа дома, да се заврши домашната задача да бидеме подготвени за членство, вели Сергеј Попов – УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите сакаат да видат вистинска акција за државата да оди напред а апатијата да се замени со надеж – порачуваат од Социјалдемократската младина на Македонија.

Основен елемент за враќање на вербата кај младите е да постои вистинска европска перспектива за Македонија. Кога ќе слушнеме како млади дека забрзано напред одат кон ЕУ Албанија, Црна Гора и Молдавија, а ние се тешиме на стара слава дека сме пред нив, тоа само ја зголемува апатијата и ги турка младите сами да си ја бараат иднината надвор од Македонија. Младите денес во Македонија сакаат добро платен труд, средена држава и можности кои ги имаат нивните врсници од регионот и од Европска Унија, вели Трајче Стојчевски – Социјалдемократска младина на Македонија.

Најчеста причина за скептицизмот е корупцијата – ја посочиле 84,6% од анкетираните. Потоа следуваат билатералните спорови – 61% и ниската доверба во институциите – 60%. На прашањето која земја од регионот има најголеми шанси да стане членка на ЕУ во следните пет години, 53% од младите ја посочиле Албанија, 34,5% Црна Гора, а 14,7% Србија.

Истражувањето на Институтот за евроатлантски перспективи и Фондацијата „Фридрих Науман“ опфаќа 1.000 млади луѓе.

Дека младите се разочарани, предупреди и премиерот Христијан Мицкоски. Тој во интервју за Еуроњуз порача дека младите се чувствуваат безнадежно поради долги години чекање на влез во Унијата, и голем дел од нив се иселуваат во европските земји надевајќи се на подобар живот.