Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Млади политички лидери ќе потпишат Декларација за европски вредности и кохезија

Подмладоците на политичките партии во земјава денеска ќе потпишат Декларација за европски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подмладоците на политичките партии во земјава денеска ќе потпишат Декларација за европски вредности и кохезија на настан во Скопје во организација на Институт Охрид, а поддржан од Европската Унија.

Целта на оваа иницијатива, соопшти организаторот, е да се создаде редок и значаен јавен момент во кој младите политички лидери ќе застанат зад заеднички вредности што се клучни за демократскиот развој и европската иднина на земјата: дијалог, кохезија, демократска култура, одговорност, почитување на различностите, солидарност и посветеност кон европскиот пат на Македонија.

-Во време кога јавниот простор е често обременет со политички поделби, недоверба и конфронтација, ваквите иницијативи имаат особено значење. Тие покажуваат дека младите политички генерации можат да препознаат заедничка вредносна основа и да испратат порака дека европските вредности треба да останат во сржта на општествениот и политичкиот развој на државата. Институт Охрид преку оваа значајна иницијатива продолжува со својата две децениска работа во областа на демократската култура, политичкиот интегритет и конструктивниот меѓупартиски дијалог меѓу младите политички актери – се вели во соопштението.

Реклама

Настанот е организиран по повод Денот и Месецот на Европа и е финансиран од ЕУ. Со својата симболика и јавна тежина, се додава во соопштението, тој има за цел да даде должно внимание на младите политички генерации и на нивната улога во градењето на поодговорна, подостоинствена и поевропска политичка култура.

На настанот поздрави обраќања ќе имаат Билјана Јанева, извршна директорка на Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, Стефен Худолин, раководител за соработка од Делегација на ЕУ и Валентина Величковска, извршна директорка на Граѓански ресурсен центар.