Заборавени од државата безмалку една година во крајно мизерни услови без струја и капка вода преживуваат Македонците од Мала Преспа сместени во некогашното железничко одморалиште “Царина” во Отешево. Нивниот лелек не допре до нити една институција и тие почаа да се иселуваат од руинираните и напуштени објекти за кои никој не води грижа. ЕВН им ја искучи струјата лани во месец април за годишен долг од 72.000 евра. Се обидовме да им укажеме дека некој краде струја, но попусто. Како може 15 луѓе кои немаат елементарни услови за живот, месечно да трошат толку струја вели 75 годишниот Коста Цветкоски.
“Шест илјади евра вели директорот трошите струја, ја крадите вели.Кој ја кради, јас ја крадам.Јас им реков во очи, вие знаете струјата која ја кради.Сега јас Битола под кирија сум,пензија земам 13.000 јас,рачунај 13.000 дали стигинуваат за јадење,кирија плаќам 5.000 толку.Тешко ми е ,сам човек не е тоа така”-вели Коста Цветкоски
Десетината објекти од одморалиштето “Царина” во Агенцијата за катастар на недвижности, воопшто не постојат. Распослани на површина од над 80 хектари,исчезнаа, катастарот ги збриша. Проблемот воопшто не е наивен-вели градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски.

“Тие беа дел од една од мега аферите во Песпа која се викаше Аква пура, јас не знам под кои услови во ‘90-тите владата склучила некаков договор за примање на бегалци. Транспорт и врски треба да се произјасни дали во 2014-та година го укинал урбанистичкиот план на целото крајбрежје на оштина Ресен околу Преспанското езеро и ние вака ако го гледаме работите, да тоа е градежно земјиште но урбанистичкиот план е укинат во 2014-та година што значи фактичката состојба е дека земјиштето е на РМ- вели Јован Тозиевски,градоначаник на Ресен
Од 2006-та до 2022-ра сметките за струја ги подмирувало претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор. Но, од 07.09.2022-ра , АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор,повеќе нема обврска да им ги сервисира трошоци –велат од таму.
“Како до сега со тие објекти располагал и работел СИЗОТ за станување, како ги акумулирал долговите? Ние ако сме општина и ако тоа е наше, зошто ни една сметка за струја не дошла во општинската зграда.Трансформаторот за струја е соптвеност на СИЗОТ за станување, тие со некоја си фамозна одлука на Управниот одбор нивни се допишувале со ЕВН” –вели Тозиевски
Останува нејасно зошто бегалците од Мала Преспа не биле на време информирани дека од нив се очекува сами да си ги плаќаат сметките? Врвни експерите за енергетика со кои разговаравме шокирани, велат 72.000 евра струја не трошат нити индустриските капацитети, а камоли 13 луѓе- повеќето од нив,во осмата деценија од животот.
Росица Голабоска
