Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Митрополит г. Петар: Божик е ден на нашето повторно раѓање

Божик е ден на нашето повторно раѓање. Не е тоа само празник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Божик е ден на нашето повторно раѓање. Не е тоа само празник на Христовото раѓање, туку е празник и на наше ново раѓање, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски во своето Божикно послание.

Честитајќи го големиот христијански празник, митрополитот г. Петар потсети дека денес Бог станува човек, и тоа не како мит, не како човечка фантазија, туку како реалност што го крева целиот космос од падот.

-Денес времето не тече, туку стои во свештен трепет. Денес вековите ja губат смислата на постоењето, затоа што во нивната средина, во полнотата на времињата, влегува оној што е над времето. Денес – Бог станува човек. И тоа не како мит, не како човечка фантазија, туку како реалност што го крева целиот космос од падот. Тоа е настан кој ги разделува вековите: сè пред е Него е очекување, а сè после Него е остварување. Затоа Божик е ден на нашето повторно раѓање. Не е тоа само празник на Христовото раѓање, туку е празник и на наше ново раѓање, посочи митрополитот г. Петар.

Реклама

Христос сака да се роди и во секое срце. А срцето, ако не се очисти од суета, од омраза, од гордост, ако не се покае, не може да биде витлеемската пештера, нагласи утрово митрополитот г. Петар.

-За да разбереме што точно се случи на Божик, треба да се навратиме на вистинската смисла на воплотувањето. Христос не само што се роди како човек, туку он исто така ја обнови природата на човекот. Во едно од своите дела, Свети Максим Исповедник пишува -Христос дојде не за да ни покаже некои нови теории или закони, туку да го излечи човечкиот род со Своето тело. И тоа не беше само физичко раѓање, туку раѓање на нова историја за човечката природа, нова перспектива за целото создание. Божик е, а Божик станува Божик само тогаш кога Христос се раѓа во нашите души и срца. Кога ќе се смириме. Кога ќе простиме. Кога ќе почнеме да љубиме, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско новозеландски г. Петар.