Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Митевски: Засега нема опасност од ширење на морбили во општина Петровец

Нема опасност од ширење на морбили во општина Петровец уверува градоначалникот Борче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема опасност од ширење на морбили во општина Петровец уверува градоначалникот Борче Митевски.Тој вели дека издал итна наредба до директорите на училиштата во општината, будно да ја следат состојбата со учениците, по пријавата на заразено дете со морбили од Долно Коњаре. Според увидот на вакциналниот статус на учениците од основното училиште “Братство Единство” каде има потврден случај со мали сипаници, 19 деца не се вакцинирани со МРП вакцина.

Градоначалникот Миевски апелираше до родителите да си ги вакцинираат децата, за да нема опасност од ширење на заразата која е опасна по живот и е лесно пренослива.

Во меѓувреме, Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со морбили. Според епидемиолозите овој случај не претставува здравствена криза и засега нема потреба од дополнителни мерки, освен препораките кои веќе ги издаде ИЈЗ за проверка на вакциналните картони во  општина Петровец каде живее детето.

Реклама

Инаку, засега нема механизам со кој би се наложила задолжителна изолација на заразено дете со морбили и се е оставено на совеста на родителите.

Дополнителен ризик за евентуално ширење на заразата според докторите е нискиот опфат со МРП вакцината која е само 73 проценти во Скопје.

Според имунолозите, во главниот град е проблематично бидејќи има одредени општини како Аеродром и Центар  каде се загрижувачки бројките и се вакцинирани можеби 50 проценти од децата.

Ања Лукарова