Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Митева: Владата ја движи државата во правилна насока показател се анкетите, рејтингот на владејачката партија има значителен пораст

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва истакна дека оваа Влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва истакна дека оваа Влада за разлика од претходната и покрај наследените проблеми и предизвици и покрај ограничените ресурси, со голем труд и посветеност напорно работи за подобрување на работите во државата, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се уште се санираат штетите, не се завршени оние процеси коишто навистина од ден за ден се појавуваат низ институциите како наследени проблеми и предизвици со коишто се соочуваме, успеавме навистина да покажеме огромна разлика, затоа што ресурсите се многу ограничени и заради тоа што исклучително голема труд и посветеност е потребна да за можете да ги поместите работите“, рече Митева.

Митева посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја движи државата во правилна насока, а за тоа показател се анкетите кои и покрај две години власт, со добра консолидација и посветеност рејтингот на владејачката партија има значителен пораст.

Реклама

„Сериозни се инвестициите коишто ги направивме во инфраструктурата, со образовни политики, индикаторите коишто ги имаме во делот на економијата каде што од еден слободен пад ние дојдовме до 6 квартали каде што имаме раст на БДП од 3,5%. Ние имаме сериозни инвестиции во делот на дигитализацијата каде што е тесно поврзана со она искоренување на корупцијата во институциите или во јавната администрација, имаме сериозни инвестиции во делот на социјалната политика, сериозни инвестиции имавме во општините во оној регионален развој којшто го направивме со оние 250 милиони коишто ги поделивме се со цел да се развијат општините, имавме сериозни инвестиции во делот на бизнис секторот на компаниите“, рече Митева и додаде:

„Успеавме да направиме добра консолидација, успеавме навистина да покажеме едно друго ниво на посветеност и работа во рамки на институциите и една сериозност којашто навистина граѓаните мислам дека ја ценат. Незалудно се оние анкети каде што поддршката на владејачката партија има навистина пораст дури и по две години владеење, и верувам дека тоа ќе се одрази и на изборите затоа што на крајот од денот граѓаните таму одлучуваат дали се задоволни од работата која што ја правите или не“.