Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Митева: Поздравувам дебата во Собранието за семејно насилство, но се бара да се разговара само за последните две години со што се навлегува во политика

На телевизија Алфа гостуваше претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија Алфа гостуваше претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, Марија Митева која се осврна на поднесената иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите од страна на пратеничката група на СДСМ, информира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Не гледам ништо спорно во тоа да се одржи јавна расправа во рамки на Собранието за оваа тема, видов дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кажа да се согласуваме тоа да се дебатира во рамки на Собранието, е сега каде е тука политичката хипокризија? Се однесува барањето да биде само за последните две години, што сметам дека е состојба којашто директно навлегува во политиката и бара политичка конфронтација, но вториот сегмент кој е уште поважен е што како политичка партија изминативе две години го имаме достигнато рекордот во одржување на јавни расправи во рамки на Собранието затоа што тоа го ветивме на граѓаните. Ако порано јавна расправа беше мисловна именка и ако кривични закони ни се поднесуваа со европско знаменце во 11 часот навечер, денеска тоа граѓаните не можат да го видат во рамки на Собранието, туку можат да видат отворени јавни расправи“, истакна Митева.

Митева истакна дека ја поздравува дебатата во Собранието, посочувајќи дека таа ќе биде можност да се отворат прашања за постапувањето на претходната власт во однос на семејното насилство, вклучително и за измените на Кривичниот законик и недостигот на јавни расправи на оваа тема.

Реклама

„Апсолутно поздравувам да има дебата во рамки на Собранието, но во таа дебата јас сум сигурна дека особено пратеничките од редовите ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потсетат нивните колеги од СДСМ, ќе им го постават прашањето колку јавни расправи по однос на оваа тема свикале во рамките на нивното владеење, ќе ги прашаат кој ја направи измената на Кривичниот законик каде што телесната повреда при семејно насилство веќе се покренува по службена должност, а не како претходно кога жртвите од страв, паника, економска или било каква друга неизвесност ги повлекуваа пријавите. Така што имаме многу аргументи да ги кажеме за да ја покажеме вистинската политичка волја којашто ја имаме за решавање на овој проблем и со текот на времето како поминуваат состојбите повторно ќе дојде ред да ВМРО-ДПМНЕ ги подобрува законските решенија коишто СДСМ во минатото ги кажуваше како најсоодветни решенија“, децидна е Митева.