Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Митева: После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина

Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа.

Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред се е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка!

Оваа бројка само ни потврдува дека мораме да останеме посветени на визијата за промени, за промени кои значат чесно и правично владеење, промени кои ќе значат подобар живот за граѓаните дома, промени кои значат враќање на достоинството на граѓаните и државата.

Реклама

На Македонија и се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните.

Остануваме посветени на работа, креирање на најдобра понуда и испраќање на клучните пораките кои ќе ги презентираме пред граѓаните. Остануваме посветени на подготовка на најдобрата програма која во себе нуди огромни промени. Време е да ги поразиме, затоа што Важно е да избереме лидерство што носи промени!

Интегрален текст од прес-конференцијата на портаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева