Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Митева: Поразот на СДСМ на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

Портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на Алфа телевизија изјави дека поразот кој ќе го добијат СДСМ на локалните избори ќе им биде показател за тоа дека треба целосно да се реформираат и реорганизираат како партија.

„За безидејноста којашто се случува во СДСМ, мислам дека поразот којшто ќе го доживеат на овие локални избори ќе им биде доволен показател за тоа како треба навистина да се посветат на целосна реорганизација и реформирање на структурите и начинот на делување и од аспект на опозиција“, истакна Митева.

Митева посочи дека кој и да биде противкандидат на Орце Ѓорѓиевски ќе се соочи со пораз.

Реклама

„Кој и да биде противкандидат на Орце Ѓорѓиевски ќе ги загуби изборите односно ќе има убедлива победа на Орце уште во првиот круг во градот Скопје и во останатите општини се разбира. Ние веќе како политичка партија објавивме четириесеттина имиња за градоначалници, до крајот на месец јули ќе објавиме уште, и во првата половина на август ќе го заокружиме целокупниот процес на објавување на кандидатите за градоначалници“, рече Митева.

На крај Митева посочи дека кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се силни и докажани луѓе кои и покрај опструкциите од страна на СДСМ и ДУИ реализирале голем број на проекти.

„Тоа се силни докажани луѓе коишто навистина имаат резултати зад себе, тоа се луѓе коишто се посветија на работа и на реализација на програмата, тоа беа градоначалници а извршната власт од СДСМ и ДУИ навистина ги опструираше и блокираше, но успеаа и со такви опструкции да реализираат голем број на проекти од својата програма. Ќе понудиме нешто што навистина значи промена нешто што  навистина значи подобар живот за граѓаните и сум убедена во голема победа“, децидна е Митева.