Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Митева: Од 12 објекти со лиценца, три не ги исполнуваат условите

На денешната прес-конференција за медиумите се обратија портпаролот на Владата на Република…

Сподели:

На денешната прес-конференција за медиумите се обратија портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, Синиша Стојаноски.

Митева започна со актуелни информации, нагласувајќи дека се вршат промени во контролните активности и следува нови податоци за инспекциите од Државниот пазарен инспекторат:

„Како што најавивме, ќе продолжиме на дневна основа да ве информираме за резултатите од теренските проверки. Новите сознанија кои ги имаме до сега се следни: од контролата направена на 12 објекти со активни лиценци, три од нив не ги исполнуваат минимум техничките услови, а сепак се лиценцирани да вршат дејност. Контролата на останатите девет објекти се уште трае, а детални информации ќе бидат излезени во текот на денот.“

Реклама

Понатаму, Митева посочи дека по констатираните неправилности ќе биде испратено барање до Министерството за економија за одземање на лиценците и забрана за вршење на дејност, како и за применување на сите можни казнени санкции согласно законската регулатива.

„На терен се постојано присутни над десет тима кои извршуваат контроли и тоа ќе продолжи и во наредните денови. Планирана е и проверка на објектите кои не поседуваат важечки лиценци, а работеле во минатото,“ додаде Митева.

Таа исто така нагласи дека трагедијата во Кочани не е изолирана и дека ја одразува слабоста на системот, наслеен од долгогодишна корупција, која ќе биде внимателно истражена и санкционирана.

„Никој нема да биде заштитен. Ние ја разбираме фрустрацијата на јавноста. Луѓето бараат правда и ќе ја добијат,“ заврши Митева.