Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга

Мите Стефоски од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ  со 14 гласа за и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мите Стефоски од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ  со 14 гласа за и 9 против денеска е избран за претседател на Советот на Општина Струга. Покрај советниците од матичната партија, поддршка на Стефоски му дадоа советниците од ВЛЕН, независната листа на поранешниот градоначалник Рамис Мерко и советникот на Левица. Против гласаа советниците на коалицијата НАИ и на СДСМ.

Заблагодарувајќи се за поддршката, Стефоски кажа дека ќе се води по принципот дека можеби нема да се согласува со мислењето на сите, но ќе се бори секој да го каже својот став.

– Честа и одговорноста е преголема да бидам претседател на Советот на Општина Струга. Работата во Советот ќе биде согласно законите и деловникот и очекувам дека во конструктивна работа ќе успееме да ги озакониме сите добри предлози и иницијативи и сите заеднички да работиме на просперитетот и напредокот на општина Струга, рече Стефоски. 

Реклама

Тој нагласи дека соработката на власта и опозицијата е нужна и оти заеднички ќе изнајдат начин сите иницијативи да поминат низ Советот и да бидат вградени во оние програми кои дополнително ќе следат.

Советот на Општина Струга имаше три неуспешни обиди да изгласа претседател. Четири годишниот мандат го претставуваат 23-ца советници од кои осум од коалицијата НАИ, шест од ВМРО – ДПМНЕ, четворица од ВЛЕН, тројца од независна листа и по еден од СДСМ и Левица.