Македонија нема да испраќа војници во Украина. Министерот за одбрана Владо Мисајловски категорично отфрла ваква опција, откако шефот на НАТО Марк Руте изјави дека Европа е подготвена и со воена сила да ја поддржи Украина.
Мисајловски нагласува дека македонската армија, како членка на Алијансата, ќе биде секогаш отворена за соработка, но не и со испраќање на македонски војници на бојното поле.
