Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мисајловски од Брисел: Засилени инвестиции и модернизација, Армијата станува сè поспособна по НАТО-стандарди

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел изјави дека државата со засилено темпо инвестира во развојот, модернизацијата и опремувањето на Армијата, со цел унапредување на националните одбранбени капацитети и исполнување на НАТО-стандардите. – Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети, кои се составен дел од колективната одбрана на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел изјави дека државата со засилено темпо инвестира во развојот, модернизацијата и опремувањето на Армијата, со цел унапредување на националните одбранбени капацитети и исполнување на НАТО-стандардите.

– Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети, кои се составен дел од колективната одбрана на алијансата. Тоа е евидентно преку инвестициите во одбраната, но и преку процесот на модернизација и опремување, кој е видлив со секој изминат ден – изјави Мисајловски.

Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, тој посочил дека се издвојуваат рекордни средства во одбраната, кои, како што нагласи, се користат ефикасно за опремување и модернизација, со што се овозможува исполнување на НАТО-целите за способности во предвидената динамика.

Реклама

– Нашата држава прави исчекор во развојот на капацитетите – рече Мисајловски додавајќи дека во изминатата година е пристигната значајна воена опрема, која заедно со развојот на човечките ресурси овозможила Лесната пешадиска баталјонска група да биде оценета како „борбено способна за извршување на својата мисија“ според НАТО-стандардите.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел изјави дека државата со засилено темпо инвестира во развојот, модернизацијата и опремувањето на Арм

На маргините на состанокот министерот остварил билатерални разговори со повеќе колеги, меѓу кои и со грчкиот министер за национална одбрана, Николаос Дендијас. На средбата, како што информираат од Министерството за одбрана, била истакната заедничката стратешка определба за стабилен регион и силна колективна одбрана, како и значењето на континуираната одбранбена соработка.

Соговорниците ја нагласиле и отворената и конструктивна комуникација меѓу двете земји, која придонесува за реализација на заедничките активности од годишниот план за одбранбена соработка.

– Мисајловски додаде дека тековните инвестиции во одбраната и безбедноста, како и вложувањата во транспортната инфраструктура по должината на коридорите 8 и 10, придонесуваат за зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот и за подобра заштита на граѓаните – дополнуваат во соопштението.