Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Македонија

Мисајловски: Хеликоптерите од „Леонардо“ се очекуваат навремено до крајот на следната година

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека ресорното министерство направило ревизија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека ресорното министерство направило ревизија на договорот за набавка на хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ и дека ревизијата ги потврдила забелешките кои претходно биле нотирани и од Државниот завод за ревизија, по што случајот е разгледуван од надлежни институции, но дека клучната цел останува тие да пристигнат во земјава без доцнење.

„За мене најважно е хеликоптерите да пристигнат. Станува збор за огромна индустрија, а „Леонардо“ е една од најголемите компании во оваа област и нивни хеликоптери користат повеќе НАТО држави“, изјави министерот.

Мисајловски посочи дека првичната понуда за набавката била околу 213 милиони евра, но договорот подоцна пораснал на 249 милиони евра со вклучен ДДВ, што според него е едно од најсериозните прашања во процесот.

Реклама

Доколку во постапката се бара дополнителна опрема, тогаш тоа требало повторно да се понуди и на другите компании кои учествувале во постапката, за да се види дали ќе има подобра цена“, рече министерот Мисајловски.

Тој појасни дека пред институциите постоеле две опции – арбитражна постапка за целиот договор или продолжување на процесот со подобрување на условите.

Арбитражата носи ризик да останете и без хеликоптери и без средства, а можни се и пенали. Затоа ангажиравме адвокатска куќа која детално го анализира договорот и предложи чекори за подобрување на условите, истакна Мисајловски.

Според него, во договорот има пропусти, меѓу кои и тоа што хеликоптерите не доаѓаат со сериозно вооружување.

Воен хеликоптер треба да биде соодветно вооружен. Овие се повеќенаменски, претежно транспортни, но постои можност дополнително да се догради вооружување и тоа ќе биде една од темите на разговор во следниот период“, додаде Мисајловски.

Министерот информира дека испораката на хеликоптерите се очекува до крајот на следната година, при што првите летала би можеле да пристигнат во втората половина од периодот.

Тој нагласи дека државата оваа година ќе исплати околу 100 милиони евра за договорот со „Леонардо“, што значително влијае врз буџетот на Министерството за одбрана.