Реклама

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Прилози

Мирен изборен ден во Чаир со висока излезеност

Гласањето во Чаир, една од клучните скопски општини каде трката за градоначалникото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гласањето во Чаир, една од клучните скопски општини каде трката за градоначалникото место е една од најнезивесните, минува мирно, во демократска атмосфера и без некои поголеми нарушувања. Сите гласачки места беа отворени точно во 07:00 часот изутринава, и гласањето, односно целиот изборен процес засега е без некој посериозни проблеми. Помал инцидент е забележан во основното училиште Имри Елези, каде двајца граѓани беа повикани на разговор затоа што останале на гласачкото место и по гласањето. Од МВР велат дека против нив нема покренато никаква постапка и дека гласањето продолжило нормално.

„Гласачкото место го отворивме во 07:00 часот. Се беше комплет со изборните материјали, се беше комплет. Околу 100 досега има излезено гласачи, нема забелешки никави досега, се се одвива во нормален редослед“, изјави Сузана Антанасовска од избирачко место 2921 ОУ „Петар Здравковски Пенко“.

Чаирчани без големи очекувања од кандидатите за градоначалници. Некои од нив дури и со иронија му упатија порака до идниот градоначалник.

Реклама

Според податоците на Државната изборна комисија, досега највисока излезност од сите скопски општини е забележана во Чаир и Сарај, додека најниска во Шуто Оризари. До 15 часот во Чаир излезеноста е 35,3%.