Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Миран Митревски со поддршка за Димчо Атанасовски во вториот круг во Македонска Каменица

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, Миран Митревски во објава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, Миран Митревски во објава на својот Фејсбук профил ја изразува неговата поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, во вториот изборен круг. Митревски наведува дека поддршката ја дава врз основа на позитивното искуство и успешната соработка со Атанасовски во периодот кога тој ја извршувал функцијата градоначалник.

-Со него, за првпат во нашата општина, реализиравме значајни иницијативи кои оставија траен белег, истакнува Митревски, наведувајќи неколку примери: потпишување на Колективен договор со кој се подобрени условите на работа и правата на вработените, збратимување на Општина Македонска Каменица со Измир (Турција) и Рикалдоне (Италија), како и отворање на Центар за донација за лица со атипичен развој и социјално ранливи категории. Тој потсетува и на поддршката што локалната самоуправа ја обезбедила при добивањето лиценца за негователи на стари лица, со што, како што нагласува, се унапредил развојот на социјалните услуги во општината.

„Врз основа на личното искуство и реализираните резултати, сметам дека Димчо Атанасовски е човек со визија, искрен пристап и волја за работа во интерес на граѓаните на Македонска Каменица“, наведува Митревски, додавајќи дека со целосна доверба ја дава својата поддршка за негов избор за градоначалник.