Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Раскол на Илинденска: Министерството за правда не се откажало од негативното мислење за Законот за рестрикции

Раскол на Илинденска за законот за рестрикции. Министерството за правда не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раскол на Илинденска за законот за рестрикции. Министерството за правда не се откажало од негативното мислење за решението со кој црните листи на САД и Обединетото кралство влегуваат во македонското правосудство,Министерството на Кренар Лога и по гласањето во Влада,  останува на ставот дека измените кои од Илинденска отпатуваа  во Собрание се противуставни  иако од Влада тврдеа оти имало едногласен консензус.

„Остануваме на ставот дека предложените измени не се во согласнот со Уставот и се во спротивност со Европската конвенција за човекови права како и со принципот на владеење на правото и правната држава“, стои во одговор од Министерството за правда за МКД.мк

                                                                                    

Реклама

На претпоследната одржана седница на Владата на Димитар Ковачевски на 16-ти јануари , министрите очигледно не се грижеле за ставот на Лога и кренале рака „ЗА“ , но Владата одлучи да премолчи оти имало негативно мислење туку официјално соопшти дека имало едногласна политичка волја:

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за надворешни работи, дискутираше околу предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и со консензус, едногласно, изрази политичка волја да се поднесе закон до Собранието на Република Северна Македонија, којшто ќе биде усогласен со македонското законодавство. Исто така, ќе бидат иницирани измени и на други закони, на коишто ќе имаат одраз измените на Законот за рестриктивни мерки, соопштија од Владата на 16.01 .

Мислењето од правната и бизнис фелата дека со овој закон ќе служиме за потсмев кај странците, а државата се става над правото и законите не било многу важно за Димитар Ковачевски. И покрај негативното мислење од неговиот министер, пред да ја напушти Фотељата, Ковачевски во петокот ставил парав на измените на законот.  Покрај експертите и министерот Лога, против законот е и техничкиот премиер Талат Џафери кој пак го кажа ваквиот став пред да стапи на функција.  Инаку, со измените на законот за рестрикции , Владата станува обвинител, судија и кадија и за физичките лица, но и за компаниите . Централната власт, без правосилна судска пресуда ќе може да одлучува, кој може да биде функционер, кој да смее да учествува на државни тендери, чиј имот да биде конфинскуван.