Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Министерството за надворешни работи со сет активности за зголемување на трговската соработка, на државните посети ќе се носат и претставници од бизнис секторот

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија почнува со сет на активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија почнува со сет на активности коишто ќе бидат насочени кон интензивирање на трговската соработка, привлекување на странски инвеститори и зголемување на извозот. Веќе во првата половина од годинава планирана е посета на Мароко и Саудиска Арабија како земји кои имаат сериозен потенцијал за соработка. 

Целта е за време на дел од посетите на државниот врв надвор од државата да бидат присутни и претставници на деловната заедница кои ќе имаат можност за директни средби и воспоставување на контакти за соработка со компании од други држави. 

– Во текот на 2026 година имаме намера да отпочнеме со организација на т.н. трговски мисии, односно посети каде Претседателката на државата, Претседателот на Владата и јас како министер за надворешни работи во одредени таргетирани земји да носиме претставници на деловната заедница. Веќе имаме во план во првата половина од годинава да го посетиме Мароко и Саудиска Арабија каде има сериозен потенцијал, но, со нас да дојдат и претставници на деловната заедница за да ја има таа Б2Б компонентна. Исто така, планираме и дополнителен сет на услуги насочен кон привлекување на нови инвсетитори кои ние како Министерство ќе го нудиме, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски пред денешната прва средба со „Македонија 2025“. 

Реклама

Во текот на неделава планирани се вакви средби и со стопанските комори и со поголемите деловни заедници во земјава.

Од „Македонија 2025“ ја поздравуваат ваквата иницијатива на Министерството нагласувајќи дека извозот е клучна компонента за економскиот раст на државата. 

– Треба да се зголеми бројот на компании кои извезуваат, но и тие кои веќе се успешни извозни компании да имаат поддршка да остварат подобри извозни активности. Насоката треба да бидат производи и висококвалификувани услуги со зголемена додадена вредност која на крајот ќе ефектира со зголемен економски раст, изјави Васко Кроневски, заменик претседател и член на Бордот на „Македонија 2025“.