Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Министерството за финансии: ММФ ги нотира и поздравува заложбите на Владата за фискална консолидација

Меѓународниот монетарен фонд ги поздравува заложбите на Владата за фискалната консолидација и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот монетарен фонд ги поздравува заложбите на Владата за фискалната консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП во 2026 година – информира Министерството за финансии повикувајќи се на објавениот извештај на ММФ по редовната мисија спроведена во изминатите две недели.

Според ММФ, фискалната консолидација треба да продолжи на среден рок и буџетскиот дефицит да се сведе на 2 процента до 2030 година. На страната на приходите упатуваат дека придобивки може да има од намалување на даночните ослободувања по основ на ДДВ, зајакнување на даночната администрација, намалување на сивата економија и слично.

– Во извештајот Мисијата на ММФ истакнува дека земјата во 2025 забележа солиден економски раст и намалување на инфлацијата. ММФ нотира дека растот забрза на 3,5 % во 2025 година, главно поттикнат од инвестиции поврзани со градежништвото и силна приватна потрошувачка во услови на раст на платите и кредитирањето. Вкупната инфлација се намали од високото ниво од 4,8 % во јули 2025 година на 2,9 % во февруари 2026 година. ММФ очекува шокот од цените на енергијата, кој произлегува од конфликтот на Блискиот Исток, да влијае врз растот и да ја забави економската активност и да ја задржи инфлацијата на повисоко ниво подолго време. Проектира реалниот раст на БДП да забави на 3,1 проценти во 2026 година и да се приближи кон проценетиот потенцијал од 3 проценти на среден рок. Позитивно влијание врз перспективите за растот според ММФ може да има посилната имплементација на реформите. Во извештајот наведуваат дека структурните реформи може да ја зголемат продуктивноста, да ја зајакнат конкурентноста и да поддржат побрзо доходовно приближување кон Европската Унија. Потенцираат дека реформите во енергетскиот сектор се клучни за обезбедување енергетска сигурност и достапност, кое е можно преку инвестиции во енергетската инфраструктура и обновливите извори на енергија – се наведува во соопштението од Министерството за финансии.  

Реклама

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) беше спроведена во период од 18 до 31 март. Консултациите по членот 4 од Статутот на ММФ се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.