Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Министерството за енергетика и AFD потпишаа заедничка декларација со која се забрзува енергетската транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска во Скопје потпиша заедничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска во Скопје потпиша заедничка декларација со Француската агенција за развој (AFD), со што АФД официјално беше поздравена како партнер на Инвестициската платформа и се зајакна поддршката за праведната енергетска транзиција на Македонија.

Министерката Сања Божиновска нагласила дека ова партнерство ја зајакнува нашата способност да го модернизираме електроенергетскиот систем, да интегрираме повеќе обновливи извори и да ја заштитиме достапноста и сигурноста на снабдувањето. 

-Ни претставува задоволство што ја поздравуваме АФД на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција. Ова партнерство ја зајакнува нашата способност да го модернизираме електроенергетскиот систем, да интегрираме повеќе обновливи извори и да ја заштитиме достапноста и сигурноста на снабдувањето. Поддршката од АФД, заедно со знаењата што ги споделуваат европските експерти, ни помага да обезбедиме континуирана и широка посветеност на енергетската транзиција на Македонија, притоа ставајќи ги граѓаните и бизнисите во нејзиното средиште, посочила Божиновска.

Реклама

Заменик-директор на Канцеларијата на АФД за Западен Балкан, Франсоа Винс посочил дека АФД е посветена на поддршка на праведната и одржлива енергетска транзиција на Македонија.

-Преку Инвестициската платформа, ќе соработуваме со Владата и со другите партнери на платформата со цел да се реализираат плановите преку конкретни финансиски изводливи и спроведливи проекти што носат вистински придобивки за домаќинствата, индустријата и поширокото општество, рекол Винс.

Како што информираат од Министерството, ова партнерство ја илустрира амбицијата на АФД да ја поддржи земјава во нејзините напори за напредок кон членство во ЕУ. Работејќи рамо до рамо со националните власти, европските институции и другите развојни партнери, АФД придонесува за зајакнување на капацитетите на земјата да спроведува реформи, да ги модернизира клучните сектори и да се усогласува со ЕУ стандардите.

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција претставува механизам за координација на Владата кој ги поврзува приоритетните енергетски инвестиции (обновливи извори, преносни мрежи, складирање енергија и флексибилност на системот) со мерки за праведна транзиција (преквалификација на работна сила, поддршка за мали и средни претпријатија и вклучување на заедниците во регионите зависни од јаглен).

Процесите во рамките на Инвестициска платформа за праведна енергетска транзиција се спроведуваат со помош на Единицата за техничка поддршка, која е основана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје со поддршка од Bloomberg Philanthropies. Целта на Единицата за техничка поддршка е да овозможи координација и комуникација со сите засегнати страни, предводени од Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси и партнерите на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција.

Групацијата АФД придонесува за спроведување на француските политики за одржлив развој и меѓународна солидарност. Дел од Групацијата се Agence Française de Développement (AFD) – Француската агенција за развој, која го финансира јавниот сектор, невладините организации, истражувањата и обуките; нејзината подружница Proparco, чиј фокус е приватниот сектор; и Expertise France, агенцијата за техничка соработка. Групацијата АФД финансира, поддржува и забрзува неопходни транзиции кон поправеден и поотпорен свет. Активна на Западен Балкан од 2019 година, групацијата има мандат да им помага на земјите од регионот во усогласување со стандардите на ЕУ и во спроведување на Парискиот договор за климатски промени, насочувајќи се кон инклузивна и нискојаглеродна траекторија на раст. Оттогаш, групацијата АФД има мобилизирано над 1,5 милијарди евра на Западен Балкан, преку 39 активни проекти.