Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Министерство за спорт: Продолжува изградбата на базенот во Струмица

Продолжува изградбата на базенот во Струмица, како дел од инвестициите во спортската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува изградбата на базенот во Струмица, како дел од инвестициите во спортската инфраструктура. Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Петар Јанков извршија увид на терен, при што беше потврдено дека работите се одвиваат според планот. Базенот, вреден 50 милиони денари, се очекува да биде завршен до крајот на јануари 2027 година и по пуштањето во употреба ќе биде на располагање на учениците, спортистите и граѓаните.

Како што соопштуваат од Министерство за спорт, при увидот, Ристовски ја истакнал заложбата на Владата и на Министерството за спорт да се завршат сите почнати проекти кои биле претходно неоправдано запоставувани и тие да бидат ставени во функција на граѓаните.

– Ова е уште една потврда за нашата решеност да ги завршиме сите проекти започнати од претходната влада пред многу години и да го подобриме квалитетот на живот на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт и рекреација. Станува збор за инвестиција од 50 милиони, која е целосно обезбедена од Владата на Македонија и Министерството за спорт. Инвестициите во спортска инфраструктура се еден од нашите приоритети – изјави министерот Борко Ристовски.

Реклама

Откако ќе биде завршен и пуштен во употреба, базенот ќе биде предаден на општина Струмица и ќе биде ставен на располагање на учениците и на граѓаните. Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков ја истакна добрата соработка и упати благодарност до Министерството за спорт за реализацијата на овие важни инфраструктурни проекти.

-Голема благодарност до Министерството за спорт за реализацијата на досегашните проекти и за проектите на кои ќе работиме заедно во иднина. Овој базен ќе може да го користат учениците, спортистите и сите граѓани и ќе биде од голема важност за развојот на спортот во нашиот град – рече Јанков.

Базенот во Струмица, започнат од поранешната Агенција за млади и спорт, минатата година беше повторно активиран од Министерството за спорт како дел од приоритетите за развој на спортската инфраструктура.