Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Министерство за односи меѓу заедниците: Обвинувањата на ДУИ се неосновани, не станува збор за дискриминација, туку за законски донесени акти за престанок на работен однос

Обвинувањата изнесени од Демократска унија за интеграција (ДУИ) се неосновани и не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинувањата изнесени од Демократска унија за интеграција (ДУИ) се неосновани и не ја одразуваат фактичката состојба, имајќи предвид дека Министерството за односи меѓу заедниците постапува исклучиво согласно Уставот, законите и подзаконските акти, почитувајќи ги принципите на законитост, еднаквост и недискриминација, велат од Кабниетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Во реакција на денешното соопштение на ДУИ посочуваат дека не станува збор за дискриминација, ниту за селективно или политички мотивирано постапување, туку за законски донесени акти за престанок на работен однос на административни службеници, поради утврдено кршење на работниот ред, дисциплина и нарушување на угледот на Министерството, во согласност со важечките законски и подзаконски прописи.

-Министерството постапува исклучиво согласно Уставот на Македонија, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работни односи, Етичкиот кодекс на Министерството за односи меѓу заедниците, како и другите релевантни прописи, почитувајќи ги принципите на еднаквост, недискриминација, законитост и правична застапеност. Обидот постапката да се прикаже како меѓуетничко или политичко прашање е целосно неоснован и претставува обид за груба манипулација со јавноста, што не придонесува за заштита на меѓуетничките односи, туку напротив, создава непотребни тензии и ја нарушува довербата во институциите, велат од Кабинетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците.