Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Министерот Муртезани во посета на Општина Дебар

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,  престојуваше во Дебар, каде оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,  престојуваше во Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља, на која присуствуваше и претседателот на Советот на општината, Африм Кркути.

-На почетокот на средбата, министерот Муртезани му ја честиташе функцијата на градоначалникот Меља, посакувајќи му успех во раководењето со општината и во реализацијата на развојните проекти кои го очекуваат Дебар во наредниот период, информираше општинската прес-служба.

Целта на средбата беше зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и Владата  како и унапредување на процесите на европска интеграција на локално ниво. 

Реклама

-За време на разговорот разменети беа мислења околу теми поврзани со развојот на општината согласно стандардите на еден европски град, вклучувајќи ја модернизацијата на инфраструктурата, подобрувањето на јавните услуги, зголемувањето на капацитетите за искористување на европските фондови и проширувањето на туристичкиот и културниот потенцијал на регионот, стои во објавата.

Градоначалникот Меља ја истакна посветеноста на општината за реализирање на проекти што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Муртезани, од своја страна, ја изрази целосната поддршка на Владата за локалните иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и приближување на Дебар до европските практики.

-Двете страни се согласија дека оваа средба претставува почетна точка за продлабочување на институционалната соработка, воспоставувајќи цврста основа за реализација на конкретни проекти кои ќе го водат Дебар кон една модерна и европска иднина. Општина Дебар останува посветена на транспарентноста, развојот и обезбедувањето квалитетни услуги за сите граѓани, посочуваат од општинската прес-служба.