Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Министерот Муцунски ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур.

Во годината кога Советот на Европа ја одбележува 75-годишнината од своето основање, министерот Муцунски, на покана на претседателот на Парламентарното собрание, Теодорос Русопулос, ќе се обрати пред парламентарните делегации на земјите членки на организацијата.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ќе се осврне на актуелните кризи и предизвици со кои се соочува европскиот континент, од руската воена агресија врз Украина, последиците од пандемијата, економската криза, демократското назадување и порастот на екстремизмот и дезинформациите, трговијата со мигранти, па сè до влијанието на климатските промени и новите технологии.

Реклама

Во рамки на посетата на Стразбур министерот Муцунски ќе оствари средба и со претседателот на Парламентарното собрание Теодорос Русопулос, со новиот генерален секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, како и со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Марко Бошњак.