Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Министерот Мисајловски во Братислава имаше одвоени средби со министрите за одбрана на Чешка и на Словачка, Зуна и Калинак

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Братислава, Словачка заедно со останатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Братислава, Словачка заедно со останатите високи гости на свечен начин го означи отворањето на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB на кој над 150 излагачи од 16 земји претставија нови и современи воени системи и опрема.

На маргините на саемот министерот Мисајловски имаше две одвоени средби со неговиот колега и домаќин, министерот за одбрана на Словачка, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на Чешка, Јаромир Зуна. На средбите беше потврдена меѓусебната посветеност за јакнење на одбранбената соработка и зацврстување на капацитетите на Алијансата за одбрана и одвраќање, соопшти Министерството за одбрана.

На средбата со министерот за одбрана на Словачка, Калинак, Мисајловски се заблагодари за поканата за учество на саемот и во оваа прилика го нотираше позитивниот исход од првата седница на мешовитата Комисија за економска соработка меѓу двете земји реализирана во март, каде во доменот на одбраната опфатени беа повеќе теми како развојот на соработката во одбранбената индустрија, модернизацијата и опремувањето, зајакнувањето на заедничките обуки и вежби, како и меѓусебната размена на експертско ниво.

Реклама

Словачкиот министер Калинак се заблагодари за учеството на македонската делегација предводена од министерот Мисајловски на Меѓународниот саем во Братислава и порача дека македонско-словачката соработка има силен потенцијал и дека нејзиниот развој може да биде силен поттик за зацврстување на безбедноста и стабилноста во евроатлантската област.

Блиските одбранбени односи и меѓусебна доверба се можност за дополнителен заеднички развој на соработката, беше потврдено на средбата со чешкиот министер за одбрана Зуна.

„Двете земји имаат изградено блиски одбранбени односи и меѓусебна доверба која ни овозможува да го искористиме сиот потенцијал за заеднички развој“, истакна Мисајловски на средбата со министерот Зуна.

Мисајловски предложи соработката да се развива во повеќе области, меѓу кои и логистиката, оперативното планирање, како и практична соработка која може да го зацврсти придонесот во рамките на операциите и мисиите на заедничката Алијанса. Министерот се осврна и на заедничката реализација на семинари, работилници и експертските разговори, а како суштински елемент, рече, предвид треба да се земе и соработката во доменот на одбранбената индустрија и преносот на технологии.

Министерот Зуна изрази подготвеност за дополнително интензивирање на одбранбената соработка, имајќи предвид дека капацитетите на двете земји се составен дел на колективната одбрана на Алијансата, стои во соопштението од Министерството за одбрана.