Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Министерот Лимани на средба со албанската вице премиерка Кочиу

Македонскиот министер за социјална политика, демографија и млади,  Фатмир Лимани денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот министер за социјална политика, демографија и млади,  Фатмир Лимани денеска во Тирана остварил средба со албанската вицепремиерка  Албана Кочиу, на која, според Лимани, станало збор за зајакнување на соработката меѓу Македонија и Албанија во областа на социјалните политики, демографијата и зајакнувањето на младите. 
 
-На нашиот регион му се потребни политики што носат реална поддршка за семејствата, повеќе можности за младите и посилна социјална заштита за граѓаните. Токму затоа соработката меѓу нашите две земји е поважна од кога било, објави Лимани на Фејсбук. 
 
Додава дека кога институциите и политичкото лидерство соработуваат, вистинските добитници се граѓаните. 
 
Објава за веста има и албанскиот амбасадор во нашата земја, Денион Мејдани, кој го придружувал Лимани. 
 
-Посебен акцент беше ставен на  стратешкото значење и напредокот на Коридорот VIII, како еден од најважните инфраструктурни проекти за регионот, унапредувањето на процесот на европска интеграција, како целосното и доследно спроведување на Охридскиот договор, стои во објавата на Мејдани на Фејсбук. 
 
Тој средбата ја оценува како отворена и конструктивна „каде што беа разгледани предизвиците и можностите за понатамошно зајакнување на соработката меѓу земјите во регионот“. 


 
Министерот Лимани во Тирана се сретнал и со заменик министерката за Европа и надворешни работи, Вилма Премти. 
 
Разговарале за можноста за скора посета на Премти на нашата земја, како и за нови иницијативи за соработка меѓу институциите на двете земји.