Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Министерот Азир Алиу се заканува со оставка

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу се очекува да одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу се очекува да одржи прес-конференција денеска попладне на која најави дека е можно да си даде неотповиклива оставка.

Причина за тоа е што СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда и да го поминат пакетот европски закони, односно закони што се носат со европско знаме. Станува збор за три закони за реформа на јавната администрација,  два за дигитализација и законот за медиуми.

Од неговиот кабинет, пак појаснија дека станува збор за пет закони кои се однесуваат на реформи во јавната администрација односно за административни службеници, за вработени во јавниот сектор, за високо-раководна служба, за АВМУ и за дигитална агенција.

Реклама

Како што пишуваат дел од медиумите, на Алиу му се јавил лично премерот Ковачевски да го уверува дека законите ќе бидат закажани на собраниска седница во понеделник на 30 јануари, но Алиу барал тоа да се случи до петок, пред изборот на техничката влада.

За намерите на министерот за оставка се заинтересирале и од една странска амбасада на која Алиу отворено им се пожалил дека во СДСМ и ДУИ воопшто не се заинтересирани за евопската агенда на државата туку само се кријат зад неа туркајќи ги личните интереси.

Алиу е на чело на МИОА од февруари минатата година.