Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски денеска ќе присуствуваат на настанот „Ден на побезбеден интернет”. Настанот е за безбедноста на интернет, особено кај најмладите, а го организира МКСафеНет, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација.
„Ден на побезбеден интернет” ќе се реализира заедно со учениците и наставниците од ОУ „Кире Гавриловски Јане“ – Прилеп.
