Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Министерката за енергетика Сања Божиновска оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Кајуза Оцука

Целта на состанокот беше зајакнување на соработката помеѓу Македонија и Јапонија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целта на состанокот беше зајакнување на соработката помеѓу Македонија и Јапонија во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини. Министерката Божиновска изрази благодарност за поддршката што Јапонија ја дава на Македонија во различни области, истакнувајќи ја важноста на јапонската технологија и експертиза во енергетскиот сектор.

“Нашата земја се соочува со предизвици во енергетската транзиција и одржливиот развој. Соработката со Јапонија може да ни помогне да ги постигнеме нашите цели за одржлива енергија и иновации”, рече Божиновска.

Амбасадорот Оцука, исто така, ја нагласи важноста на оваа соработка, посочувајќи дека Јапонија е посветена на инвестирање во проекти кои ќе придонесат за енергетската стабилност на Македонија. “Јапонските компании поседуваат напредни технологии и решенија кои можат да помогнат во развојот на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност”, истакна Оцука.

Реклама

Тема на дискусијата беше и можноста за имплементација на проекти за обновливи извори на енергија. Двете страни се согласија дека инвестициите во овие области не само што ќе придонесат за енергетската независност на Македонија, туку и за намалување на емисиите на CO2 и исполнување на климатските обврски. Покрај тоа, министерката Божиновска и амбасадорот Оцука се согласија дека важно е да се создадат услови за поинтензивна соработка помеѓу македонските и јапонските компании. Во таа насока, ќе се организираат бизнис форуми и семинари за размена на информации и искуства, како и за идентификување на потенцијални заеднички проекти.

На крајот од состанокот, министерката Божиновска и амбасадорот Оцука потврдија дека заедничките напори ќе продолжат, а идните чекори ќе бидат насочени кон конкретни проекти и иницијативи кои ќе ја унапредат економската соработка и ќе придонесат за развојот на Македонија.